March 28, 2024, 10:36 am

ГРУЕВСКИ СО НАРОДОТ И ПО ПОЛНОЌ: Ова е последен час да се реагира, ова е борба на народот против хунтата на власт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред Кривичниот суд Скопје се уште трае протестот на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

И во 1 часот по полноќ, на протестот е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој денеска изјави дека акцијата на МВР е „последниот чин на пресметка со слободномислечкиот граѓанин кој искажал став против тиранската платформа, кој мисли македонски и се грижи за државата“.

Груевски побара „итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои се цел на политички прогон“.

Ова е последниот час кога ќе треба да се реагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна, ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава, рече Груевски.

-ВМРО ДПМНЕ ја води таа битка за правдината и битка за татковината, ние ќе биде на чело на таа битка со идеја и чест и со име, таа битка ќе биде тешка и долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, ние ќе бидеме гласот и во ова време невреме, оние кои чувствуваат страв и во изобилство го сервира оваа ненародна власт на Заев. Ние ќе бидеме на браникот на татковината, да ги браниме слободата и патриотизмот на народот, секаде со народот тоа е нашата максима, на улиците, по домовите секаде каде што треба. Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и иживувањата кои го прави СДС, истакна Груевски.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This