ГРУЕВСКИ СО СТРАТЕГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО: Легитимитетот на понатамошната борба е веќе ,,заверен,, на 30 септември 2018!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред околу половина час паралелно со ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО, екс премиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук. Тој наговести нова парадигма за името, односно план за враќање на уставното име кој како што вели бил осмислен уште во 2005 година за да се спречи непочитувањето на волјата на граѓаните. Референдумот е брана од yцeнети, пoтkyпени, марионети политичари кој би ја фалcификyвале волјата на граѓаните вели тој.

-Клучната работа во овој период е веќе направена. Марионетската влада не доби подршка од граѓаните на референдум. Тоа треба да биде темелот, основата на која ќе се гради новата парадигма за името.

Кога во 2005 година ја осмислив и на мајската годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во преполната универзална сала ја промовирав идејата за референдум за името, ја замислував да биде токму тоа и што е денес: брана од yценти, поткyпeни, маpионeтcки или со еден збор од било каков вид неодговорни политичари и таква влада, пишува тој

Според него се што е направено спротивно на вољата на монизсвото народ еден ден че се врати

-Се што насила е направено, спротивно на вољата на мнозинството народ еден ден ќе се врати. Главна појдовна основа, темел, доказ и аргумент е немањето подршка на одлуката на марионетckaта власт на референдумот за името дури и со такво прашање кое беше непријатно поставено за граѓаните чии најголем дел сакаат да ја видат земјата во НАТО и ЕУ.

Тоа е појдовната сила, главниот повод и крунскиот доказ за во иднина како нација и држава, да имаме легитимитет за борбата за корекција на неправдата од ова време. Неправда чие спроведување успеа само затоа што беше ставено во геостратешки пакет на евроатлантските интеграции на земјата, чија потреба е неспорна, но цената за мнозинството македонци неприфатива, вели Груевски,

Легитимитетот од референдумот кој не успеа истакнува екс премиерот македонските граѓани сега го имаат во џеб, а туркањето за идејата на референдумот од негова страна се исплатела како што вели бидејќи ќе ни помогне која е најтешко.

-Тој легитимитет од референдумот македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија сега го имаат во ,,џеб,,. Токму упорното 13 годишно туркање на идејата за референдум ќе ни помогне кога е најтешко. Во случајот, необезбедувањето доволна подршка на референдум, колку и тие да го нарекуваат консултативен, ваков или онаков, покажа дека народот не ја даде потребаната подршка, што значи нема мнозинство кое верува дека предлогот на владата и мнозинството во парламентот е добар.

Тоа што изостанаа масовни протести од незадоволните граѓани, кои веројатно ќе дадеа само многу пореална ,,визуелизација,, на незадоволството јасно е зошто се случи. Заради репресивните методи кои власта превентивно ги превзема со стотици ако не веќе и илјадници кривични пријави, апсења, затворања, судски процеси, политички прогони, закани, отпуштања или уназадувања од работа, запирања автобуси тргнати на протести, итн. Но, и без таа слика, и без таа ,,визуелизација,, легитимитетот на понатамошната борба е веќе ,,заверен,, на 30 септември 2018.

Власта со репресивни и недемократски методи обезбеди гласови на 2/3 пратеници. Таа го има тоа а народот ,,заверката во џеб,, преку понатамошна борба и во следната историска шанса да ја исправи нанесената неправда, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This