Груевски со честитка за Ханука: Денешните генерации не можат да се вратат и да ја променат историјата, но направивме спомен кој секогаш ќе потсеќа за да не се заборави и да не се повтори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во објава на социјалните мрежеи им го честиташе празникот Ханука на сите граѓани од еврејската заедница во Македонија, но и на сите негови пријатели со еврејска вероисповест во Израел и насекаде низ светот.

Груевски потсети на создавањето на Фонд на Холокаустот во Македонија, земја која е прва од земјите со комунистички режим која направиле ваков гест.

Тој изрази жалење за бројните жртви на фашисстичкиот окупатор, поради што бројот на еврејската заедница е значително помал од порано,

„Денешните генерации не можат да го вратат времето и да го променат текот на историјата, но направивме спомен кој секогаш ќе потсеќа за да не се заборави и да не се повтори“, истакнува Груевски.

Во продолжение целата негова објава:

Во неделата на Ханука на сите граѓани од еврејската заедница во Македонија, но и на сите мои пријатели со еврејска вероисповест во Израел и насекаде низ светот им посакувам среќна Ханука.
Еден од спомените на нашето заедничко живеење и почит е донесувањето на Законот за денационализација во 2000 година, времето кога ја обавував функцијата министер за финасии на Република Македонија.
Со тој закон при неговата изработка предвидовме создавање на Фонд на Холокаустот во Македонија. Во тој фонд токму кога станав премиер во 2007 година, по завршените состаноци на работните групи во мојата канцеларија во владата, со посебна одлука на владата на Македонија влегоа значителни средства од буџетот на Македонија, како проценет износ за обештетување за одземениот имот од комунистичката власт во Македонија на сите Евреи кои не се живи и кои заради погромот направен од окупаторската фашистичка власт во Македонија немаат свои наследници на кои би им бил вратен имотот, како што се правеше со сите други граѓани.
Ние бевме прва држава која во минатото имала комунистички режим и која го направи тој гест и истото со години беше презентирано како добар пример од еврејските заедници ширум светот на разни меѓународни конференции.
Согласно тогашниот план, од тие средства се изгради музејот на Холокаустот во Скопје, како објект за вечно сеќавање и почит кон трагично погубените, како и уште една деловна зграда со канцеларии веднаш до самиот музеј од чии средства од закупнина се планираше долгорочно и одржливо финансирање на овој музеј и на разни други активности поврзани со холокаустот на Евреите, како и едно неизградено земјиште веднаш до плоштадот Филип Втори во строгиот центар на Скопје, на кое е предвидена градба на хотел.
Денешните генерации не можат да го вратат времето и да го променат текот на историјата, но направивме спомен кој секогаш ќе потсеќа за да не се заборави и да не се повтори.
Иако заради трагедијата за време на втората светска војна денес еврејската заедница во Македонија не е многубројна, каква би била да не се случело тоа, таа има и секогаш ќе има посебно место и посебна почит во Македонското општество.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This