Груевски со честитка по повод празникот Курбан Бајрам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати честитка до Реисот Ум Улема Хаџи Сулејман еф.Реџепи по повод празникот Курбан Бајрам.

Груевски го честита празникот од лично и од името на ВМРО-ДПМНЕ.

Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник. Верниците кои денес празнуваат нека ги споделуваат вредностите на простувањето и солидарноста, бидејќи овие универзални вредности се темелот на традицијата која на овие простори се одржала низ вековите. Љубовта и подадената рака кон својот ближен, роднина, сосед и пријател го прави нашето општество подобро и ги зацврстува врските меѓу луѓето. Вредностите на толеранција, разбирање и меѓусебна помош кои нашите предци ги пренесувале од колено на колено се доказ за богатството на нашето мултикултурно и мултиконфесионално општество кое е градено низ годините и кое секој од нас е должен да го почитува и да го пренесува. Само така ќе продолжиме да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок, се наведува во честитката.

Во честитката Груевски вели празничните мигови да донесат радост, бериќет и успеси на секој верник, но и среќа и надеж за подобро утре на секој граѓанин во нашата заедничка татковина, затоа што радоста и бериќетот на нашиот пријател или сосед е радост и просперитет за секој од нас.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This