ГРУЕВСКИ ТОПЛО ПРЕЧЕКАН ОД ЖИТЕЛИТЕ НА ЦРЕШОВО: Улиците се асфалтирани, идната недела почнува процедурата за изградба на целосна канализација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на општина Гази Баба и селото Црешево, при што жителите на ова село му се заблагодарија за поддршката, истакнувајќи дека 80 проценти од улиците во селото се асфалтирани.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски информираше дека во следниот период локалната самоуправа има план за секојдневно асфалтирање и реконструкција на улиците.

-Во следниот период, точно не сакам да излажам ама сите некаде 10 километри улици во следниот период треба да направиме, посочи Трајковски, додавајќи дека во Булачани во понеделник ќе почнат четири улици, во следниот период ќе се почнат по една улица во Раштак, Смилковски, Трубарево.

Жителите на Виниче велат дека се презадоволни од работата на општината, додавајќи дека сега за прв пат во 20 години добиле нов асфалт, но и биле проширени улиците.

Појаснуваат дека се уште има работа на инфраструктурата во селото, но тие имаат трпение и ќе чекаат.

Градоначалникот Тони Трајковски информираше дека во понеделник ќе почне тендерската постапка за комплетна канализација на селото.

-Треба следнава недела да почнеме, го чекаме проектот финален за Црешево за фекалната канализација. Овдека имаше примарен колектор направен, со полавата многу се оштети. Требаше да пристапиме кон секундарниот, но се направи проблем. Следната недела ќе отпочне тендерска постапка за канализацијата, комплетна канализација за цело село, истакна Трајковски, додавајќи оти се надева дека дел од оваа канализација ќе биде готова во оваа година.

Груевски истакна дека Гази Баба е тешка општина за работење бидејќи има многу рурални места, а малку пари.

-Гази Баба е тешка општина  бидејќи има многу рурални места, а малку пари има општината, а многу очекува, односно потреби на граѓаните. Не може да не е потреба вода, канализација, улици, основни работи се, а многу мал буџет, појаснува Груевски.

Трајковски вели дека успеале да реализираат толку поради поддршката од Град Скопје и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This