ГРУЕВСКИ-ЈАНША: Политичката состојба во Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Груевски како предводник на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со премиерот Емил Димитриев учествуваат на Конгресот на Европската народна партија и на Самитот на европските десничарски партии,  што се одржува во Малта.

gruevski-jansa

Лидерот ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари разговор со претседателот на Демократската партија на Словенија и поранешен премиер на Република Словенија.

Инаку Груевски вчера имаше средба со Тобијас Зек, кој е член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија. Како што информираат од партијата тој него го запознал со политичката состојба во која се наоѓа нашата земја.

nikola gruevski tobijas zek

На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија.

Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This