March 28, 2024, 11:14 am

ГРУЕВСКИ: Ќе продолжиме да создаваме проекти и да работиме за граѓаните, ја имаме само Македонија во нашата агенда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се стремевме кон раст и развој за нашата земја. Се стремевме да реализираме проекти и услуги и да ја заштитиме нашата земја. Што и да прават, да фрлаат кал на нас, да измислуваат лаги за нас и да генерираат празни зборови ќе продолжиме да создаваме проекти и да работиме за нашите граѓани. Затоа што нашата агенда сте вие. Ја имаме само Македонија во нашата агенда, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот кој вечерва во Струмица го одржува Коалицијата „За подобра Македонија“.

Груевски истакна дека политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија.

-Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера со над 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10 проценти. Кога можевме да ја намалиме од речиси 40 на околу 22,5, кога можевме да отвориме 173.000 работни места бидејќи сигурни дека можеме, знаеме и сакаме да отвориме најмалку 150.000 работи места. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата, животната средина, потенцираше Груевски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This