April 20, 2024, 12:44 am

Груевски: Ќе се стремиме најмалку 6% од БДП на Македонија да бидат наменети за образованието секоја година!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгорочно, квалитетно, меѓународно конкурентно и сеопфатно образование – тоа е идеалот на ВМРО-ДПМНЕ.  Да се стекне диплома и отценки со труд и знаење, наместо по некој заобиколен пат, е најдобрата животна лекција од образовниот процес за секоја млада личност која допрва ќе се натпреварува во животот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашната Конвенција именувана како „Нова Ера“.

 

-Меѓународно најуспешни програми и универзитети и меѓународно високок конкурентни реномирани професори кои пренесуваат искуства на граѓаните кај нас е целта на граѓанската десница.  Наставникот и професорот мора да бидат почитувани и подобро платени. Целта ни е најмалку еден универзитет од Македонија да биде рангиран во првите двестте универзитети на Шангајската листа, вели Груевски.

Тој вели дека вложувањето во образованието не смее да запре, мора постојано да се зголемува. Ќе се стремиме најмалку 6% од БДП на Македонија да бидат наменети за образованието секоја година! Нашата цел е Македонија да напредува и да влезе во земјите кој се наоѓаат во првата половина на листата на PISA.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This