ГРУПА НА ГРАЃАНИ НАБРЗО СО ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИOТ CУД: ДУП-от беше носен во една нетранспарентна и coмнителна постапка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група на загрижени граѓани од населба Хром до медиумите ја испратија иницијативата која ќе ја достават до Уставниoт cуд за спречување на спорниот профитерски ДУП во општината Хром.

 

Советниците на СДСМ, на предлог на градоначалникот Александар Наумовски, на седница на советот донесоа нов ДУП за населба Хром, со кој предвидуваат изградба на околу 100 згради за колективно домување во оваа населба.

-Имајќи во предвид дека ДУП-от беше носен во една нетpaнспарентна, coмнителна постапка и со истиот се предвидуваат огормен број на нови згради, кои значително ќе го нарушат живеењето во оваа населба, најавуваме дека како група на граѓани ќе поднесеме иницијатива до Устaвниoт суд на Република Македонија со која ќе ја оспориме одлуката за донесување на овој ДУП за нас. Хром, со барање истата да биде поништена, а до донесување на одлуката да биде донесена времена мерка со која ќе биде стопирана реализацијата на овој ДУП, додаваат загрижените граѓани.

Тие исто така потенцираат дека градоначалникот на Ѓорче Петров при изработка на овој ДУП не го почитуваше принципот на хумано живеење како основа во урбанистичкото планирање, а апетитите за повеќе згради му беа водилка при донесување на истиот и од таа причина ќе се обидеме да го спречиме овој урбан хаос кој се наметнува во Хром.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This