ГРУПНА ТУЖБA ПРОТИВ ТРАМП: 16 сојузни држави поднесоа тужба поради одлуката за вонредна состојба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега 16 сојузни држави во САД поднесоа тужба против спорната одлука на претседателот Доналд Трамп за прогласување вoнpeднa cocтојба во државата.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Сан Франциско, постапките на Трамп се опишани како прекршување на Уставот на САД. Во меѓувреме, стотици противници на претседателот Трамп, се собраа во Вашингтон на протест против неговото објавување на вонредна состојба.

Трамп за време на изборната кампања во 2016 година вети изградба на ѕид на границата со Мексико за да ја запре илегалната имиграција. Бидејќи Конгресот не одобри пари за тоа, Трамп во петокот прогласи вонредна состојба, што му овозможува да го користи, меѓу останото, буџетот на Пентагон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This