ГРЦИТЕ ГНЕВНИ НА ТУРЦИЈА ЗАТОА ШТО СЕУШТЕ НИ СЕ ОБРАЌА СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Грците се жалат затоа што во изјавата со сочуство од несреќата Турција ни се обратила со Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција продолжува да го употребува името “Македонија”, иако е активиран Преспанскиот договор и Скопје ги информираше Обединетите нации дека сега земјата-членка го носи новото уставно име, тврди грчки „Скај“.

Во изјавата за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Скопје, во која загинаа најмалку 14 лица, турското Министерство за надворешни работи дава сочувство до “Македонското братство”, пренесуваат од таму, наместо да се обратат до „Република Северна Македонија“.

Забележуваат дека во официјалните преписки или се избегнува новото, или се уште се користи старото име иако Турција е членка на НАТО каде што Македонија минатата недела го потпиша пристапниот Протокол токму благодарение на Преспанскиот договор.

„Турското инсистирање на старото име доаѓа кога Атина и Анкара се обидуваат да ги избалансираат своите билатерални односи, бидејќи премиерот Алексис Ципрас минатата недела се состана со турскиот претседател Тајип Ердоган. Анкара ја избегнува употребата на “Северна Македонија” од самиот почеток. Турција е единствениот член на НАТО кој со години во рамките на Алијансата го користи старото уставно име “Република Македонија”, така што во сите најави имаше посебни фусноти“, коментираат од грчката телевизија.

Канцеларијата на генералниот секретар на ОН потврди дека добил вербална белешка од Скопје во која е информиран за промената на името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This