Грците гнeвни – по примерот на Косово: Ердоган бара поделба на Кипар и пpизнавање на Северен Кипар како посебна држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот рече дека мировните разговори за иднината на етнички поделениот Кипар можат да се одржат само меѓу „двете држави” на овој медитерански остров.

Ердоган во говор во поделената кипарска престолнина Никозија, ја повтори позицијата на Турција во овој долготраен спор, што им штети на односите на Турција со ЕУ, Грција и Кипар.

Турција е единствената земја што ја призна Турската Република Северен Кипар, која е самопрогласена по турската инвазија на Кипар во 1970-тите.

Ердоган рече дека единствената одржлива опција за ставање крај на спорот со кипарските Грци и меѓународната заедница е да се прифати постоењето на две суверени држави на островот.

Република Кипар, која ги опфаќа претежно грчките делови на островот, а меѓународно правно целиот остров, го отфрла решението за две држави затоа што тоа значи суверен статус за држава што ја смета за незаконска.

„Нов процес на преговори може да се спроведе само меѓу двете земји. Ние сме во право и ќе ги браниме своите права до крај“, рече Ердоган.

Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јули 1974 година, пет дена по пучот во Кипар извршен од тогаш владејачката воена хунта во Грција, за време на кој на власт дојдоа поборници за обединување на Кипар и Грција.

Собрани под црвено-белите знамиња на Турција и кипарските Турци, во вторникот ја прославија годишнината во северна Никозија, додека во јужниот дел на градот владее мрачно расположение. Кипарските Грци се разбудиле од сирени за воздушен напад, со кои е обележана 47-годишнината од турската инвазија во земјата.

Проблемот со поделениот Кипар е актуализиран со спорот на Турција со Грција и Кипар околу истражувањата на резервите на енергенти и отворањето на турскиот дел на Варош, град на духови, кој до војната бил важна туристичка дестинација, а сега е симбол на поделениот остров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This