ГРЦИТЕ ГО ЗАПАЛИЈА АМЕРИКАНСКОТО ЗНАМЕ: Протести пред амбасадата на САД во Атина, запалено американското знаме поради нападите во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во центарот на Атина попладнево се собраа неколку илјади граѓани кои протестираа поради воздушните напади на САД, Британија и Франција во Сирија

Грчката полиција наведува дека на протестот, организиран од Комунистичката партија, се собрале помеѓу 6.000 и 7.000 луѓе.

Демонстратите се собрале на атинскиот централен плоштад Синтагма, а потоа се упатиле кон американската амбасада, носејќи транспаренти и извикувајќи пароли против САД.

Кога стигнале до Амбасадата, на улицата со црвена боја испишале: „Американци, убијци на луѓе“.

Потоа неуспешно се обиделе да фрлат боја во дворот на американската амбасада, пренесува АП

Полицијата со возила го заштитила влезот во Амбасадата. Демонстрациите, кои ги обезбедувале голем број полициски сили, е завршен без инцидент.

САД, Британија и Франција извршија заеднички воздушни удари во Сирија поради наводен хемиски напад на цивили во Дума на 7. април.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This