ГРЦИТЕ ГО НАПРАВИЈА ДИМИТРОВ, ВМРОВЕЦ: Грчки „Катимерини“ со песимистички предвидувања за решение за спорот со името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Темни облаци надвиснаа врз преговорите за името, пишува грчки „Катимерини“, откако минтата недела министерот за внатрешни работи Никола Димитров пред неговите колеги во Европската унија ги опишал позициите на Коѕијас во врска со името како „апсурдни“

 

Грчкиот весник „Катимерини“ изнесе песимистичка прогонза по однос на изнаоѓање на решение за спорот за името до самитот на НАТО кој треба да се одржи ова лето, додавајќи дека Никола Димитров може да ги минира преговорите со Грција, поради тоа што бил член на „националистичката ВМРО-ДПМНЕ“.

Весникот додава дека Димитров е дел од коалицијата на владата на Заев, но почнал да делува водејќи се од националистичките идеи на неговата „матична партија“, што фрла „темни облаци“ врз преговорите за решение за името.

„Катимерини“ додава и дека евентуален договор е се потешко да се постигне имајќи во предвид дека во Македонија растат меѓуетничките тензии помеѓу Македонците и Албанците, поради законот за јазици, со кој се предвидува воведување на двојазичност на целата територија на Р.Македонија, откако пред два дена опозициските пратеници предводени од екс-премиерот Никола Груевски го „нападнаа“ Талат Џафери во обид да го спречат изгласувањето.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This