April 26, 2024, 10:54 am

ГРЦИТЕ ИЛИ СРБИТЕ ФРЛААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ, А ГЕРО: Кој ја плаќа црната кампања против Македонската Православна Црква, Грците или Србите?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку дена „Слободен Печат“ раководен од Бранко Героски, а во сопственост на пријателот на Заев Александар Родиќ, објави насловна страна со фотомонтажа од Архиепископот Г.Г. Стефан на глисер на Охридското езеро и наслов „Господин Господин Глисер“

Се работи за уште една во низата лажни вести какви што често завршуваат на насловната страна на „Слободен печат“ со која читателите се манипулираат на најгруб начин. Во конкретниот случај, поради општо креираната перцепција дека во МПЦ се тера луксуз, се возат скапи коли и скапо се наплаќаат служби, на било кој ефтин манипулант не му е тешко да ги лаже граѓаните за нешто во сличен контекст.

Па така Героски се решава грубо и свесно да лаже дека глисер во вредност од 180.000 евра е купен од страна на Архиепископот на МПЦ Г.Г. Стефан, иако веста се базира на претпоставки на авторот, а фактите велат дека таков глисер е виден во езеро, на него се возел поп и бил паркиран кај манастирот во Калишта.

МПЦ ја демантираше информацијата соопштувајќи дека не е сопственик на глисерот кој Героски го објавува на насловната страна.

На сличен начин би можела да се направи следна манипулација: доколку новинар на Плус Инфо / Слободен печат е фотографиран на концерт на Аца Лукас, на некоја насловна страна може да осамне вест со наслов „Додека Героски во бекстејџ лу-дуваше со Аца Лукас, неговите новинари го чекаа како кученца за да го вратат безбедно дома“ пропратена со монтажа на Героски со бел прашак на носот.

Но, веста е лажна, и за глисерот и за наркотичниот концерт. Героски се повикува на „откритие“ од Охридската капетанија за сопственоста на глисерот – кое никаде го нема во текстот, па изведува сопствени заклучоци со јасна тенденција да се урнисува угледот на МПЦ, религиозната заедница на најголемиот број жители на оваа држава. Зошто?

Причините и не се толку зачудувачки. Во медиумите на Бранко Героски свој простор редовно добиваат припадници и поддржувачи на расколничката црква на Вранишковски, која според многу познавачи е заеднички проект на грчката и српската црква. За мотивот на Грците и не мора премногу да се објаснува, додека пак кај Србите, еден од нивните главни „преговарачи“ со МПЦ, Иринеј Буловиќ, неколку пати има говорено во контекст дека македонската нација е измислена и не може да има своја црква. Па, ниту едните ниту другите не се склони кон идејата да имаме самостојна призната црква. Затоа ја формираа расколничката ПОА на Вранишковски, која добива јавен простор токму преку Героски.

Оваа црна хајка против МПЦ Героски не ја остави само на една насловна со монтажа, туку кога се најде фатен во лага после демантот на МПЦ за изнесените невистини, Героски повторно ја објави сликата овојпат немонтирана, на која се гледа попот кој се наоѓа на глисер (божем им е забрането да се возат на глисери) обидувајќи се да „прета“ во барата во која сфатил дека се нашол. Но, простор за претање многу и нема: самонаречениот голем новинар е фатен во бедна лага и ќе мора да се извинува или ќе оди на суд.

Претпоставуваме дека Героски нема да се извини баш за да оди на Суд и да има прилика дополнително да го валка угледот на МПЦ со разноразни гнасотилаци, како горенаведениот конструиран случај на груба лага и црна кампања против МПЦ и Архиепископот Г.Г. Стефан. Тогаш ќе има „причина“ и тој пожестоко да се активира во нападите кон Црквата, со манипулации од типот: „Од мене барате пари за да купите нов џип“ – и слично. Сепак, ни таквите ефтини приказни нема да го сменат фактот дека токму Бранко Героски преку „Слободен Печат“ започна уште една црна хајка против МПЦ и најголемата верска заедница во Македонија.

Како функционира механизмот?

1. Во рамки на контекстот дека МПЦ се луксузира, Героски објавува насловна со фотомонтажа и лажна информација
2. Механизацијата по социјалните мрежи веднаш ја презема оваа информација, ја преработува во разни „интересни“ манири и преку „хумор и сатира“ ја шири низ интернетот со што ја утврдува лажната вест на Героски како вистинита.
3. Притоа, ширењето на веста се прави преку редовните канали на СДСМ на интернет контролирани и водени од „Бихаќка“
4. Се ангажираат луѓе да оставаат грди и крајно навредливи коментари во кои лично се навредува Архиепископот (кој ниту бил на глисерот, ниту има глисер, да не заборавиме) само поради лагата на Героски
5. Една навреда раѓа друга, па се создава огромно количество на негативна енергија и погани и одвратни етикети и навреди кон верскиот водач на најголемата религиозна заедница во Македонија
6. Целта е постигната: со ноторна лага која тргна од насловна страница на „Слободен печат“ е нарушен угледот на МПЦ и Архиепископот. Грчките и Српските црковни лица кои не сакаат постоење на МПЦ и го спонзорираат расколникот Вранишковски, може да се задоволни
7. Героски, кој му отстапува медиумски простор на Вранишковски – може да е задоволен

Не треба да се игнорира и фактот што сопственик на „Слободен печат“ е Адриа Медиа Груп од Србија, поточно Александар Родиќ, близок пријател на Зоран Заев и човек баран за големи финансиски скандали и криминали во својата земја, поради што се шпекулираше дека се подготвува и за барање азил во Македонија.

Од каде и да потекнуваат парите со кои се финансираат вакви црни кампањи, едно е јасно: со овие пари лесно се купува ефтиниот „углед“ на самопрогласените големи новинари во Македонија како Бранко Героски кои немаат проблем по цели денови нон-стоп да галамат дека некој им ограничувал медиумски слободи, а својата слобода ја користат за да организираат вакви црни кампањи кои во случајов е логично да се платени од непријатели на македонската државност. Во друг случај не е исклучена можноста и да се спроведува рекет токму на ист начин.

И ова на Геровистите им е проверена тактика: Кукај дека немаш слобода, а сета слобода, која ја имаш во изобилство, користи ја за личен профит макар по цена на уништување на државата во која живеееш и која ја тормозиш со твоите бедни тактики. Наречи го весникот „Слободен печат“ и луѓето ќе го доживуваат како слободарски дневник? Или како рекетарски памфлет во служба против државните интереси? Тоа е тоа „врвно новинарство“ во Македонија претставено од Бранко Героски. И од уште десетици, десетици добро платени од надвор ужалени и неслободни т.н. новинари.

Жалната вест е дека тој е еден од подобрите од тој табор на „угнетени неслободни новинарски пера“. Другите, меѓу кои се и политиковците и доказовците, не вреди ни да ги спомнуваме во дадениот контекст.

Ова е само дел од мизерната кампања на Геро и неговите соросидни поддржувачи за оркестриран напад врз МПЦ, со цел деградирање на архиепископот Стефан, и правење на поволен терен за промовирање на духовниот отец на Заев, Наум во нов архиепископ и признавање на расколничката црква на Вранишковски.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This