ГРЦИТЕ НЕ ДОЗВОЛУВААТ „МАКЕДОНИЈА“ ВО НОВОТО ИМЕ: Се повеќе Грци се противат на „Македонија“ во новото име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дури 71,5 проценти од Грците не прифаќаат сложено име со вклучен термин Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП.

 

На прашањето: „Кое решение би го прифатиле за името на соседната земја?“ 22,5 проценти, одговориле сложено име, 71,5 проценти не прифаќаат име со терминот Македонија, а 6 проценти рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. Во 2016, на истото прашање, во рамки на истото истражување, процентот на оние што не го прифаќаат терминот Македонија беше 57 проценти, а за сложено име беа 38 проценти од анкетираните. Во однос на тоа колку е важно итното решавањето на името, 53 проценти одговориле дека е многу важно, додека пак пред 2 години, оваа бројка изнесувала 58 проценти.

Истражувањето е објавено во критична фаза од преговорите, малку по средбата во Виена која од двете страни беше окарактеризирана како позитивна, иако е јасно дека разликите во врска со многу делови од преговорите остануваат огромни. Грчките медиуми побрзаа да објават дека Атина направила некакви отстапки со тоа што се откажала од барањето името да биде на македонски јазик, во еден збор, слеано и непреведено. Отстапка која според експертите, со оглед на бесмисленоста на првичниот предлог, воопшто и не е тоа.

Медиумите во Атина потенцираат дека за возврат на „отстапките“ грчката влада бара името да биде ерга омнес и да има промена на делови од македонскиот устав кои за јужниот сосед се иредентитистички. Коѕијас по состанокот со Димитров не ја криеше воодушевеноста од „одличната работа“ порачувајќи дека се надева оти на следниот состанок ќе се појави „подготвеност да се направи голем чекор“. Нимиц без подетални објаснувања рече дека на паралелен состанок дипломатски претставници на двете земји ги решавале наједноставните прашања, додека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров објасни дека колку поконкретно се оди кон решавање на спорот за името, толку повеќе тешкотии излегуваат на виделина. И за тие тешкотии јавноста се уште може само да шпекулира, но интересно е дека речиси истовремено со овие изјави пратеникот од владината ДУИ Артан Груби, гостувајќи во дебатна емисија појасни дека прашањето за уставот, како најтешко, ќе дојде последно за решавање, но и дека е сигурен оти во овој момент сме поблиску до решение од кога било во преговарачкиот процес.

Инаку Коѕијас и Димитров повторно ќе имаат средба по Велигден, а ако тогаш има некаков напредок, потоа е можна средба и меѓу Заев и Ципрас.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This