ГРЦИТЕ СЕ ИЖИВУBAAT СО МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА: На што мислеше Бошњаковски со тоа дека некои не зборуваат грчки во Грција?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порталот „Рел.гр“ пишува дека по барањето на партијата „Виножито“ за изучување на македонски јазик во училиштата и бгослужба на македонски во црквите, сега се зборува за малцински села во северна Грција, „додека портпаролот на Заев вели дека некои во Грција зборуваат друг јазик“, пренесе Експрес.

Порталот пишува дека портпаролот Бошњаковски бил „испровоциран да го признае јазикот што го поврзува Скопје со таканаречените Македонци од Егејот“, но бил неуспешен во одговорот дека „во Грција има одредена група на население кое не зборува грчки јазик, туку зборува друг јазик, но не е наше да детерминираме кој и на каков јазик зборува“.

Грчкото Министерство за надворешни работи реагирало со писмо во кое се бара „адекватно објаснување од македонската Влада на што мислел нејзиниот претставник“, пишува порталот повикувајќи се на ANT1.

– Двe нешта ја мачат Атина, прво што господинот Бошњаковски вели дека некои луѓе не зборуваат грчки во Грција, кога вели дека нема да го именува јазикот. И второ, неговата позиција дека нема да се меша во самоопределувањето на некои општествени групи во во Грција. – пишува „Реал.гр“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This