April 26, 2024, 12:41 pm

ГРЦИТЕ СЕ НАПРОСТО ИЗНЕНАДЕНИ ОД ЗАЕВ: Зaев е спремен да замижи и да потпише се што ќе понуди грчката страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зaев е спремен да замижи и да потпише се што ќе понуди грчката страна, од што Грците се изненадени, го истакна своето мислење во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа телевизија, професорот Оливер Андонов.

Тој вели дека пречката во преговорите не е само грчкиот став кој е јасен, туку и во старт прифаќање на географската одредница во спорот за името на нашата земја, што на Грција и дава можност да тргне со засилен интензитет.

На прашањето „Може ли да се случи Грција да му пресуди на процесот на преговори, со поставување на барања, кои дури и оваа влада невозможно е да ги исполни“? тој вели:

– За жал јас нема да го коментирам ставот на грчката влада, тој е толку јасен и неколку пати јасно повторен, дури и токму поради подигањето на црвените линии. Пречката во преговорите, во старт тргнувајќи со тоа да ние прифаќаме промена со географска одредница, се даде пас на грчката страна во преговорите да тргне со таков интензитет, со каков што тргнува. Грците просто се изненадени од оваа работа. Оваа влада е подготвена да прифати се што ќе и се понуди од страна на Грција во спорот за името, јас мислам дека Заев е подготвен да замижи и да потпише, вели професорот Андонов.

Професорот Андонов својата загриженост ја темели на самото доаѓање на власт на Зоран Заев, односно неговата инсталација и дека тоа е со цел и дека сега мора да ги исполни задачите кои што ги има добиено.

Вели дека од тука е загриженоста кај македонскиот народ, кај граѓаните, кај државата, бидејќи ќе мора да го истрпиме овој преиод и да се регенерираме.

Грците се изненадени од позициите на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, како што вели професорот, спремен е да потпише со мижење, се што е поврзано со спорот за името. Главна пречка претставуваат почетните позиции, во кои премиерот Заев објави дека стартните позиции се географска одредница, со тоа на грчката страна и се дава повод да го засили интензитетот во преговорите за спорот со името на нашата држава.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This