ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ЛЕТОВО: Еве колкави се платите што се нудат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На повеќе места во Грција се бараат сезонски работници, а платите се од 800 до 1.000 евра, објави „Фактор“.

За таа цел посредници регрутираат работници и од Македонија.

Се бараат келнери, собарки, помошнички за во кујна, а се работи секој ден по 8 до 10 часа. Работници се бараат за Крит, Лезбос, Карпатос, Лефкада, Санторини и други места кај јужниот сосед.

Напорно е, но кога ќе заврши работното време, луѓето имаат време да се опуштат на плажа. Голем интерес има за работа кај Македонците, Бугарите, Србите, Албанците. Се бараат луѓе за цела сезона која трае 6 месеци. Ако работите како келнерка нормално дека бараат одличен англиски јазик, но ако сте во кујна, тогаш доволно е да се разберете“, вели посредник од Битола за „Фактор“.

Но, освен странци и дел од Грците кои живеат во Атина и Солун преку лето работат на островите затоа што тоа за нив е исплатливо.

Заминуваат и млади и стари, некои добиваат бакшиш таму, а некои не. Младите се во еуфорија си велат супер, ќе работам месец дена, плус одмор на море, а постарите остануваат по 6-7 месеци. Колку се задоволни од газдите таму, тоа е индивидуално. Имаме заинтересирани од сите македонски градови за работа во Грција, но најголем дел се од Скопје“, додава посредникот.

Сепак, посредникот вели дека дефинитивно се исплати да се работи во Грција, затоа што работодавачот обезбедува сместување и храна.

Недостиг на работници има во повеќе балкански земји. Сезонци бараат Хрватска, Црна Гора, но и Бугарија. Во неможност да ги задоволат потребите овие земји „увезуваат“ работници од странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This