Грција ги отвори границите за Србија, еве кои се уcловите за влез

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на Грција во Белград издаде упатство за сите сопственици на имот од Србија, според кое, од 1 ноември 2020 година, ќе може месечно во Грција да влегуваат до 400 лица со постојано престојувалиште во Србија.

Услов за тоа е да се поднесе барање за издавање на специјална дозвола за влез во Грција, што се доставува по електронски пат преку е-пошта на Конзуларниот оддел на Грчката амбасада во Белград (grcon.bel@mfa.gr).

Заедно со барањето, се наведува дека е потребно да се достави доказ за постојан престој во Република Србија, фотокопија од образецот Е9, патничко осигурување koe опфатќа Ковид 19, пренесува Вечерње новости.

Според амбасадата, само на сопственикот на имотот му е дозволен влез во нивната земја, а не членовите на неговото или нејзиното семејство.

Исто така, влезот во земјата е можен со авион, преку меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“, или по пат преку граничниот премин „Промахонас“.

Се додава дека сопствениците се должни да покажат потврда издадена од Конзуларниот оддел на Грчката амбасада во Белград, заедно со фотокопија од образец Е9, валидно пополнет образец PLF и QR код, потврда за негативен тест не постара од 72 часа на англиски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This