Грција го свика Советот за бeзбедност откако турски вoeн брод навлезе во споpната област

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската вoeна морнарица објави дека нејзиниот брод „Орук Реис“ ќе спроведе истражувачко дупчење во cпорната област во источниот Медитеран во наредните две недели, што ќе придонесе за раст на тензиите во односите со Грција, проценува „Ројтерс“.

Во таа пригода, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го свика Советот за национална безбедност, во кој покрај него учествуваат министрите за надворешни работи и за одбрана.

Министерот во грчката влада Јоргос Герапетритис рече дека Атина е во целосна политичка и оперативна подготвеност.

Двете членки на НАТО полагаат право на јаглеводородните ресурси во регионот.

Слична најава на Турција минатиот месец предизвика споp, а по интервенцијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Турција се согласи да ги одложи операциите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција продолжила со работата на истражување на нафта и гас во источниот дел на Медитеранот, затоа што Грција не ги исполнила своите ветувања во врска со тие активности во регионот.

Тој го рече откако Грција го потпишала договорот со Египет, кој ја поставува поморската граница меѓу двете земји и ја означува ексклузивната економска зона за правото на истражување на нафта и гас.

Ердоган го нарече договорот „ништовен“ и оцени дека претставува одговор на договорот меѓу Турција и меѓународно признатата либиска влада

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This