ГРЦИЈА ГOPИ: Во изминатите 24 часа регистрирани 58 пожapи, денеска избувнaa три нови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На три различни локации од утрово активни се три пожapи во Грција, еден во регионот Атика, пошироката област на Атина и два на Пелопонез, додека пак во изминатите 24часа грчката противпожapна служба интервенирала во гаснење на 58 шумски пожapи во целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Апропиргос, во западното предградие на Атика, претпладнево изби шумски пожap, но не претставува опасност за околните населби. Во гаснењето учествуваат 35 пожapникари со 15 возила, еден пешадиски тим и два хеликоптери.

Пожapи има и во северозападниот дел и во југозападниот дел на Пелопонез. Во областа Варда, интервенираат 32 пожapникари со 15 возила, 10 пешадиски тимови, три авиони и еден хеликоптер, а во регионот на Месиниа, 13 пожapникари со 6 возила, три авиони и еден хеликоптер.

За вчерашниот пожap на грчкиот остров Лерос, уапсен е 20годишен странски државјани, жител на островот под сомнение дека го подметнал пожapот што синоќа беше ставен под контрола, а во кој изгореа над 40 хектари борова шума.

Исто како и за вчера, така и за денес и утре, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, предупредува за многу висока опасност од пожapи во повеќе делови на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This