Грција забpaни влез во земјата за турскиот фудбалски тим откако членовите одбиле да се тестираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчките власти не дозволија влез во земјата на турскиот фудбалски тим Галатасарај во понеделникот, откако нејзините членови одбија да направат брз тест КОВИД-19.

Галатасарај слета во Атина со приватен лет на пријателски натпревар со Олимпијакос. Откако тимот одби да направи брз тест, кој е предвиден со здравствениот протокол на земјата, властите рекоа дека не можат да влезат во земјата по што се вратија во Турција.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја опиша одлуката на Грција како неприфатлива.
„Фактот што Грција пречека еден од најдобрите тимови во земјата со вакво однесување покажува дека нема толеранција кон нашата земја дури и во областа на спортот“, изјави тој.

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардалиас, одговори дека кога станува збор за здравствените протоколи, не може да се прават исклучоци.
„Во Грција, земја-членка на ЕУ, човековите права се целосно почитувани за луѓето во земјата, но и за нејзините посетители“, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This