April 20, 2024, 12:48 am

ГРЦИЈА НЕМА НАМЕРА ДА ПОПУШТА: За членство во НАТО и ЕУ, Македонија ќе мора да го промени името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во среда ќе ја посети Атина што е прва официјална посета на покана на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, информира грчкиот весник „То Вима“.

„То Вима“ потсетува дека Димитров изразил волја неговата прва посета како шеф на дипломатијата да биде на Атина, по што грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас не ја пропушти можноста и веднаш го покани.

-Димитров, доаѓа во Атина во среда, и покрај фактот што меѓународната заедница верува дека новата влада ќе има повеќе помирувачки став со цел да се реши прашањето за името. Високи дипломатски фактори соопштија дека Грција нема да прифати влез во НАТО со привременото име, затоа што тоа ќе биде средство за де факто наметнување на двојно име, со што на крајот само Грција и меѓународните организации во кои Грција има право на вето ќе го усвојат привременото име на трајна основа, и за сите други намени ќе се гарантира употребата на уставното име ‘Република Македонија’, коментира весникот.

Во текстот на крајот се истакнува дека Атина ќе се согласи за влез на Македонија во меѓународните организации само откако ќе се постигне крајно решение за името.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This