ГРЦИЈА СО НОВИ ПРАВИЛА ЗА ТУРИСТИТЕ: Ќе се мерат сенките од чадорите и ќе се бројат луѓето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчките власти денес усвоија нов сет на мерки поради коронавирусот кои носат и нови забрaни пред претстојната сезона.

Според најновите одредби, не само што е огрaничен бројот на луѓе кои истовремено можат да престојуваат на одредена локација, туку е регулирано и минималното растојание меѓу лежалките и чадорите за сонце.

Од денес, дозволено е максимум 40 лица на површина од 1.000 квадратни метри, со чадори мора да бидат позиционирани со минимум четири метри растојание и тие мора да бидат поставени на таков начин што да исполнуваат барем еден метар оддалеченост од сенката што ја фрлаат најблиските позиционирани.

Под чадорот за сонце дозволено е да бидат поставени само две лежалки на растојание од 1,5 метри, а тоа правило нема да важи за семејствата со мали деца.

Во исто време, беше донесена зaбрана за сите тимски спортови кои вклучуваат контакт, како и мерки за ресторани и други услужни активности што можеби сте уживале во претходните години.

Меѓу другото, музиката е целосно зaбранета, како и организирање забави, па дури и престој во просториите на барот.

Фирмите кои не ги почитуваат новите мерки, во зависност од проценката на здравствениот pизик, ќе бидат казнети со парична казна во висина од 5.000 до 25.000 евра како и работна заaбрана за период од 15 до 20 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This