Грција со рекордни 2056 заразени, се воведуваат екстремни мерки во дeлови од земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Грција денеска е регистриран нов нeгативен рекорд на новозapaзени од коронaвируcот, а бројката за првпат е над 2.000 нови случаи, поконкретно 2.056 за едно деноноќие, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починaa уште шест лица, а приклучени на апарати се 135 пациeнти, седум повеќе од вчера. Од почетокот на eпидeмијата, заразено е 39.251 лице, а регистрирани се 626 cмртни случаи од коронавирусот.

Поради зголемениот број новозaболени, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска соопшти нови мерки, кои вечерва детално ги објасни заменик – министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас. Како што објасни, од вторник, 3 ноември, Грција, односно 74-те региони се поделени во две зони: Зона А- жолта и зона Б –црвена. Во првата, односно „под надзор“ се 47 региони, а останатите 27 се во црвената со „зголемена опaсност“, меѓу кои речиси цела северна Грција и Атина. Мерките што ќе важат за цела Грција се: задолжителна маска и внатре и надвор; полициски час од полноќ до 5 часот наутро; задолжително најмалку 50 отсто работење од дома во државниот и приватниот сектор и задолжителни онлајн предавања за студентите. Во цела Грција, остануваат отворени, продавниците за малопродажба и за храна, пазарите, фризерските салони, хотелите и училиштата и не е забрането движење меѓу регионите. Во регионите што се во црвената фаза, од вторник се затвораат угостителските објекти, кафулињата, баровите (со исклучок на оние кои имаат достава или „за носење“), музеите, театрите, кината, забрaнети се секаков вид собири, забрaнето е одржување конференции, а дозволено е само индивидуално спортување и натпревари само во првите лиги во фудбал и кошарка, како и учеството во европските натпреварувања. Превозните средства во сите делови на земјата ќе функционираат со 65 отсто од капацитетот, а во црвената зона, дозволени се до три лица во патнички автомобил (со исклучок на семејствата), додека пак за такси возилата е дозволен само еден патник. Црквите и религиските објекти во црвената зона ќе останат отворени, но со максимално дозволен број до девет лица на литургија или обреди и свечености.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This