Грција ќе продолжи да ги унапредува билатерланите односи со Русија, и секогаш ќе одговори жестоко кога се работи за националниот суверенитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Алексис Ципра вчера се состана со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за да разговараат за актуелните проблеми, со фокус на односите со Русија, се соопштува од грчката Влада


Двајцата се сложиле дека Грција секогаш силно ќе одговори кога се работи за нејзиниот национален суверенитет, како и дека Владата ќе продолжи со својата политика на унапредување на односите со Русија на билатерално и мултилатерално ниво, пренесува АНА.

Грчкиот дневник „Катимерини“ на 11. јули цитирајќи дипломатски извори, извести дека Атина одлучила да ги протера двајцата руски дипломати и да забрани влез во државата за уште двајца.

Според пишувањето на весникот, Атина ги обвинила тие дипломати дека се мешаат во прашања од внатрешната политика и дека ја подриваат Националната безбедност на Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This