April 24, 2024, 10:28 am

Грчев вели ги заслужил парите: Во две и пол години сум обработил и 20 пати од вредноста која сум ја примил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во овие две и пол години како советник сум одработил и 20 пати повеќе од вредноста која ми е исплатена, вели архитектот Мирослав Грчев во изјава за „Република“, како одговор на листата со исплати објавена во медиумите, а на која се гледаат примањата од април 2017 до октомври 2019 година.

Како што објаснува, станува збор за исплати по два основа, како координатор на работната група за справување со последиците од проектот Скопје 2014 на Министерството за култура и како советник на претседателот на Владата за прашања од областа на урбанизмот и градежништвото.

За неговите обврски во работната група, како и останатите пет члена експерти, Грчев добивал месечен износ од 10.000 денари од есента 2017 година до летово, кога поради зголемени други обврски, ја напуштил функцијата.

Како советник на премиерот во заминување, пак, Грчев добивал надомест од 40.000 денари месечно.

Во тој временски период, заедно со работната група сработивме 15-тина обемни елаборати и студии на различни случаи. Покрај останатите обврски и проекти како советник на Заев, ги изработив и Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, како и класификацијата и категоризација за видови градби, нешто што е за првпат направено во земјата. Тоа се огромни текстови и елаборати, за кои, еве да не зборувам за поранешните влади, ќе кажам за странските, се плаќаат по повеќе од 100 илјади евра за изработка на тие закони. Така што, за две и пол години сум одработил и 20 пати повеќе од вредноста колку што сум примил, објаснува Грчев за „Република“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This