ГРЧЕВ ПОВТОРНО ЈА НАВРЕДУВА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА: Нашето врзување со Александар Велики е смешно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Архитектот и ексградоначалник на скопската општина Центар, Мирослав Грчев, во интервју за грчкото радио Риал њуз изјави дека македонскиот национален идентитет потекнува од 19. век и оттаму му е смешно поврзувањето со Александар Велики – пренесува „Република“

„Приказната за вечно национално постоење е луда приказна за мене. Оваа апсурдна врска меѓу нашата модерна нација со Александар Велики и Филип, пред 2000 година, тоа, едноставно, е смешно“, вели за радиото жестокиот критичар на проектот „Скопје 2014“.

Според дизајнерот на сегашното државно знаме на Македонија, идејата за македонски идентитет се родиле во главите на локалното население пред два века.

„Нацијата на Македонците постоеше пред 1944 година, бидејќи имаме книги и текстови на нашиот јазик. Во тоа време, се разбира, малкумина го нарекуваа нашиот јазик македонски. Тие биле образовани луѓе, кои имале свое мислење и го запишале. Ова започна во 19 век. Постојат писма од 19 век, книги и весници дека луѓето во овој регион се нарекуваат Македонци“, објаснува Грчев.

На прашањето како се чувствува (етнички), тој одговара: „Во мојот извод од матичната книга на родените од 1955 година пишува: место на раѓање – Република Македонија, националност: Македонец. Тоа е историја. Сите мои сограѓани родени по 1944 година ги имаат истите документи. Не постои сомнеж за секој граѓанин на оваа земја што“.

За потпрашањето дали ова значи дека тие што се родиле пред 1940-тите не се сметале себеси за Македонци, Грчев со одговор:

„Неколкумина се сметаа себеси за Македонци во 1930 година, помалку во 1920 година, уште помалку во почетокот на 20. век. Но, ова е случај насекаде, националната свест постепено се развива“. Околу географската одредница Вардарска, која се споменува како еден од предлозите за додавка на името на Македонија, тој излегува со историско објаснување. „Пред Втората светска војна областа била наречена Вардарска Бановина, но тоа не е држава, тоа е географска и административна област, како што е денес географската и административна област Македонија во северна Грција. Така, пред Втората светска војна немаше Македонија како државен концепт. Македонија е географски регион, кој има многу политички промени. Границите се менуваат многу брзо по падот на Отоманската империја“, вели Грчев.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This