ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Будно ќе следиме дали Скопје ќе го почитува договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од моментот кога договорот е потпишан и ратификуван во Парламентот, создава сплет на правни обврски од кои е особено тешко некој да се ослободи, вели министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос во интервјуто за весникот „Параполитика“, одговарајќи на прашањето посветено на Договорот од Преспа.

Грчкиот министер, кој воедно е и адвокат, објаснува дека единствениот начин договорот во некој момент да се оспори е доколку едната страна суштински ги прекршува условите и додава дека освен тоа, „не е нешто што може да се измени или пooништи“, јави дописничката на МИА од Атина .

– Нова демократија, и премиерот лично рече дека ќе стори сѐ за да го подобри овој договор – кој уште од почеток го карактеризиравме како лooш и штeeтен за нашите национални интереси – да го подобри во различни точки, во корист на земјата. Она што и јас го кажав пред неколку дена и беше извртено е дека е препорачливо да се создаде правна аргументација, доколку едната страна – и мислам Скопје – суштински ги прекршува условите, така што во одреден момент, да може договорот да се ocпори врз таа основа. Освен тоа, реално, не е нешто што може да се промени или пooништи со еден закон и со еден член, како што во минатото слушнавме лаги за други работи – вели Панајотопулос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This