ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Грчката армија ќе ја брани ,,С” Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашиот стремеж е да станеме главен стратешки одбранбен партнер на ,,С” Македонија во одржувањето на мирот и зајакнувањето на соработката на Балканот, вели министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис во интервјуто за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првото интервју откако ја презеде функцијата министер за одбрана, Апостолакис објаснува дека доколку Грција даде свој придонес во трансформацијата на нашата војска тоа би можело да спречи влијание на други регионални кандидати.

– Спроведувањето на Договорот Преспа и интеграцијата на ,,С” Македонија во НАТО создаваат предуслови за зајакнување и проширување на соработката со соседната земја во областа на одбраната, зацврстувајќи ги взаемните односи и обезбедувајќи повеќе бенефиции што не се ограничени само на одбранбениот сектор. Всушност, нашиот потенцијален придонес во трансформацијата на вооружените сили на ,,С” Македонија ќе ги оддалечи другите регионални кандидати кои би можеле да се обидат да извлечат корист и да извршат влијание врз соседот. Нашиот стремеж е нашата земја да стане главен стратешки одбранбен партнер на ,,С” Македонија во одржување на мирот и зајакнување на соработката на Балканот – вели министерот за одбрана на Грција за „Катимерини“, пренесе МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This