ГРЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПАВЛОПУЛОС: Само кога ќе се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции може да се ратификува Договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само кога ќе се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да се финализира и содржината и правилното толкување на Договорот од Преспа, а потоа и да дојде на ратификација во парламентот, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Грчкиот претседател, денес беше прогласен за почесен граѓанин на општина Вари-Вула- Вуљагмени и говореше за т.н. грчки национални прашања, а меѓу нив и спорот со името, јави МИА од Атина.

Рече дека Грција „се стреми кон пријателски и добрососедски односи и во пракса покажува дека поддржува членство во НАТО и Европската унија“, но објасни дека  за тоа предуслов е решавање на прашањето со името „согласно историјата и меѓународното право, а само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции“, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент.

– Нашата соседна земја треба да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а пред сѐ во нејзиниот Устав. И навистина, ја презедоа оваа обврска. Според тоа, очекуваме да ја исполни. Само кога конечно ќе заврши целиот овој процес и штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и било каков почеток на разговори, во однос на пристапниот процес на ПЈРМ кон Европската унија. Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината и според меѓународното право, правилното толкување на Договорот меѓу Грција и ПЈРМ за да дојде за ратификација во грчкиот парламент, рече Павлопулос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This