ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ КОНТРА ЗАЕВ: Грчката нацрт – спогодба предлага сложено име, напишано слеано, без превод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сложено име, но во форма на еден слеан збор, за сите употреби предлага Атина во Нацрт-спогодбата, според грчкиот весник „Неа селида“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во текстот, најавен на насловната страница како „Ексклузивно – седумте точки на грчкиот предлог до Скопје“, новинарот ги открива позициите на Грција, кои во изминатиот период беа објавени и во други грчки медиуми. Во однос на името, тоа да биде во еден збор, слеано, без превод, весникот, се повикува и на одлуката на Грчката академија на науките и уметностите од пред 14 години.

– Во прашањето за името, грчката Влада предлага сложено име, непреведено за сите употреби (ерга омнес). На пример, земјата може да се вика „Горнамакедонија“, а не „Горна Македонија“, односно со два збора. Вреди да се спомене дека Грчката академија на науките и уметностите на седницата зад затворени врати на 11 ноември 2004, одлучи да предложи сложено име во еден збор без превод и како што беше објавено во 2008, беше предложено името „Новамакедонија“, пишува весникот.

Во продолжение, новинарот ја споменува и кратенката „МК“ која „Грција не ја прифаќа“ и како што јужниот сосед, меѓународно од „Greece“, ја користи ознаката „GR“, така за нашата земја, според весникот, новата кратенка би можела да биде „GO“ или „GM“ (од Горнамакедонија). „Неа селида“, во анализата, го споменува и идентитетот.

– Во однос на идентитетот на граѓаните на мултинационална земја, тие ќе можат да се самоидентификуваат како „граѓани на Горнамакедонија“, така што ниту една етничка група нема да се чувствува дека е „потчинета“ или ѝ се прекршени нејзините права, пишува „Неа селида“, објави МИА.

Според весникот, официјална Атина сака целосно решение на сите прашања, а меѓу нив иредентизмот, особено во учебниците.

„Неа селида“ коментира дека со отстранувањето на споменикот на Александар Велики од внатрешноста на скопскиот аеродром, се отвора патот за повторно авио-поврзување на двете земји.

– Првиот лет по 12 години ќе биде дипломатски и ќе го однесе Никоа Коѕијас во Скопје, веројатно во средината на март, пишува весникот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This