March 29, 2024, 11:59 am

Грчките тајни служби спpeчиле aтeнтaт врз Заев во 2018 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчките тајни служби и владата спречиле обид за атентат врз лидерот на Македонија, Зоран Заев, неколку месеци по потпишувањето на Договорот од Преспа во летото 2018 година, и пред македонскиот парламент да изгласа промена на Уставот со 80 гласови.

Веста ја објави „Сандеј туајт“ повикувајќи се на извор од  тогашното Министерство за надворешни работи, кое во исто време беше и неформална врска со тајните служби и Министерството за одбрана, и која играше значајна улога во целиот случај.

Според изворот, по ратификацијата на Договорот од Преспа од Собранието на Македоонија со 69 гласови на 20 јуни (Договорот беше потпишан на 12 јуни во селото Псарадес во Лерин во Преспа), политичката тензија го достигна врвот во Македонија.

Организациите на Македонците од  Австралија и Канада го изразуваат својот гнев, и се вели дека ги финансираат реакциите во Скопје, но и дека имале средства што ќе бидат канализирани за „обезбедување“ на гласови.

Грчките тајни служби го информирале тогашниот премиер Алексис Ципрас дека во Скопје има интензивна мобилност против Заев. Во исто време, американските служби сметаат дека силите што имаат интерес да не го потпишат Договорот ќе настојуваат да спречат промена на Уставот  од страна на Парламентот. Набргу потоа следува протерување на руски дипломати од Атина.

Обидот, се вели дека бил финансиран од некои странски организации, и бил планиран од разузнавачки службеници од трети земји, кои престојувале во Македонија како трговски агенти или како директори на медиуми.

Во исто време, грчките разузнавачки служби го информирале Министерството за надворешни работи дека претстои агресивна акција против Зоран Заев, , без никакви докази што би довеле до нешто поконкретно.

Тогашниот премиер му наложува на Министерството за надворешни работи да ги извести надлежните органи на соседната земја, а првиот е информиран тогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, а, преку други „канали“, Зоран Заев е исто така детално информирани.

Американците преземаат дискретна заштита на скопскиот премиер, и испраќаат пораки до странските амбасади и ВМРО дека знаат . Во тие месеци, Зоран Заев ја имаше истата заштита како и американскиот претседател, нешто што беше очигледно дури и за неуките, и што обесхрабри секаква мисла за агресивна акција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This