March 28, 2024, 11:45 pm

ГРЧКИ АНАРХИСТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: „На 4 февруари ќе се лее крв“на протестот во Атина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На 4 февруари може да се лее крв“, предупреди грчката анархистичка група „Рубикон“ во пресрет на протестот во Атина за името „Македонија“, што го организираат десничарски здруженија со поддршка на некои политички партии и на црквата.

На социјалните мрежи анархистите објавија дека „4 февруари ќе биде нивниот ден и нема да помине без жртви“ и оти тие нема да дозволат да бидат провоцирани од фашистите за време на собирот, пренесува грчки Њуз.ин.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија Нова демократија, Адонис Георгиадис, на Твитер оцени дека предупредувањето на анархистите е обид за заплашување, за да нема луѓе на протестот.

– Ако маскираните од плоштадот Ексахиа дојдат да не попречуваат и употребат сила, одговорноста за тоа ќе ја има премиерот Алексис Ципрас, наведува Георгиадис.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This