April 26, 2024, 11:08 am

ГРЧКИ ВOEНИ АВИОНИ ЌЕ ГО ,,ЧУВААТ” МАКЕДОНСКОТО НЕБО: Што договорил Заев со Ципрас?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа прашање ќе биде разгледано за време на посетата на Алексис Ципрас на Скопје, така и за време на посетата на министерот за одбpaна на Грција, што според истите информации, би следела по онаа на грчкиот премиер, јави МИА од Атина.

Телевизијата Open објави дека практично, оваа соработка би значело дека доколку се наведе сомнителен случај со непозната авио трага во воздушниот простор на Македонија, тогаш „грчките вoeни авиони ќе бидат повикани од соседите да се доближат до непознатата трага и да проверат за што станува збор”.

Според телевизијата, станува збор за вообичаена пракса меѓу земјите сојузници на НАТО, кога една држава ги нема неопходните средства, тогаш друга помага. Ваква пракса постои за FIR на Албанија и Црна гора, каде што помагаат Грција и Италија.

Како што веќе објавивме, посетата на Алексис Ципрас на Скопје се планира за почетокот на следнот месец, а иако грчките медиуми го споменуваат 2 април како можен термин, сепак според информациите на дописничката на МИА од Атина, точниот датум се уште не е одреден.

Самиот Ципрас, при обраќањето на економскиот форум во Делфи рече дека во Скопје ќе допатува со бизнис делегација, но и министри од неговата влада.

Според Open, неколку дена по посетата на Ципрас, во Скопје ќе пристигне министерот за одбрана на Грција , Евенгелос Апостолакис за да се разгледаат можностите за билатерална одбpaнбена и вoeна соработка, како што се заеднички вoeни вежби, размена на студенти од воените академии и сл.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This