ГРЧКИ ПРОФЕСОР: Ако Договорот од Преспа пропадне, Грција ќе мора да прифати двојна формула

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Преспанскиот договор пропадне, Грција ќе биде под жесток притисок да прифати решавање на проблемот со името преку двојната формула. Познатиот грчки интелектуалец, професор на универзитетот во Атина и на престижниот Принстон, Андонис Лиакос тврди дека со договорот од Нивици грчката држава го достигнала врвот на своите дипломатски можности но истовремено докрај ја искористила толеранцијата на Меѓународната заедница. Ако македонскиот парламент сепак не прифати да ги изгласа уставните промени со кои се менува името на државата, Грција ќе биде таа која ќе мора попушти и да прифати прием на Македонија во ЕУ и НАТО под уставното име.

Доколку Преспанскиот договор биде отфрлен, ќе следи огромен притисок за ПЈР Македонија да биде примена во евроатлантските институции под уставното име, со двојно име за Грција. И онаа Влада која во тој момент ќе биде на чело на Грција ќе се најде во пеколна состојба – пишува еден од врвните грчки интелектуалци, Андонис Лиакос.

Професорот Лиакос објаснува дека секоја земја има право на самоопределување вклучително и правото на избор на име и идентитет по своја желба. А зборувајќи за националните интереси на Грција потенцира дека името на Македонија воопшто не треба да биде приоритет на Атина, туку нејзина цел мора исклучиво да бидат мирот и стабилноста на Балканот како гаранција за грчката безбедност! Грција мора да ја прифати двојната формула. Без европската перспектива, тврди Лиакос, ќе продолжи да се зголемува нестабилноста на Балканот. Обединувањето на Албанија и Косово и одвојувањата на како што вели, „тетовските Албанци“, од Македонија, е нешто за што сериозно се разговара во албанските кругови. Во таа смисла потребно е да се има јасна слика на можните ризици за мирот на Балканот и македонското прашање мора да биде врзано со целокупниот развој на настаните на Балканскиот полуостров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This