ГУГЛ ЗАПОЧНА СО ПРОМЕНАТА НА ИМИЊАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ: МРТ стана С-МРТ, а МНТ , С-МНТ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Засега само на мапите од светскиот пребарувач број 1, Гугл, но овој потег го отвори прашањето што ќе биде со институциите кои во своето име ја имаат придавката „македонска/македонски“.

На ова прашање нема јасен одговор уште од времето на потпишувањето на Преспанскиот договор, но во упатството што МНР го издаде за странските новинари, стои дека придавката северно македонски не е согласно со договорот.

-Правилни примери за државата, нејзините официјални органи и останати јавни институции: Влада на Република Северна Македонија, Претседател на Северна Македонија, Министер за надворешни работи на Северна Македонија, Министерот за одбрана на Северна Македонија, Општина Охрид од Северна Македонија, Универзитет Св. Кирил и Методиј од Северна Македонија.

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „Македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи.

Што ќе биде со имињата на МТВ, МНТ, но и Македонска филхармонија, како и државните компании Македонски пошти, Македонски железници, Електрани на Македонија и слично, ќе биде појасно по утре…

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кој раководи и со меѓуресорската група за спроведување на договорот од Преспа, за Канал 5 вели дека на редовната владина седница ќе се решаваат сите детали за новите имиња на институциите.

За сега прва институција која го примени името е НБРМ. Таа сега е НБРСМ.

Народната банка засега е меѓу првите институција која го промени името, на сајтот на банката стои Народна банка на Република Северна Македонија.

Кога станува збор за промена на називите на институциите кои во себе го содржат името Република Македонија, договорот е јасен, пред нив мора да има придавка Северна. Во овој дел најсензитивно е прашањето за АРМ, кое е кратенка од Армија на Република Македонија.. Како ќе биде нејзиното именување во иднина, одговор засега нема..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This