March 29, 2024, 12:13 am

ГУЖВА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: На пpеминот „Богородица“ се чека и по половина час!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Богородица“ од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на велигденските празници. Во моментот за излез од земјава се чека од 15 до 25 минути, велат од дежурната служба на граничната полиција.

-Во моментот има гyжва од возила и автобуси, особено на излез од земјата каде концентрацијата на сообраќајот е поголема, а задржувањето на патниците поради обавување на задолжителните полициски и царински процедури не е подолго од 25 минути, велат од дежурната гранична служба.

Сите расположливи капацитети на граничниот премин се ставени во функција, а времето на чекање, велат граничните службеници, зависи од моментниот налет на сообраќајни бранови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This