ГУЛАБ ПРОДАДЕН НА АУКЦИЈА ЗА 1.250.000 ЕВРА: Овие гулаби вредат цело богатство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гулаб-тркач по име Армандо, на онлајн аукција беше продаден за рекордни 1,25 милиони евра (1,4 милиони долари), објавија белгиските медиуми во неделата.

Ннајдобриот гулаб-тркач на далечина од сите времиња според познавачите бил купен од кинески купувач за неверојатна сума што предизвика внимание кај одгледувачите, но и кај јавноста.

Никој не ни помислувал дека еден гулаб може да вреди толку пари, Армандо се очекуваше да го надмине претходниот рекорд од 376.000 евра (425.000 долари) за еден гулаб.

“Претходно оваа недела стана јасно дека Армандо ќе биде најскапиот гулаб што некогаш бил продаден на онлајн аукција”, напиша специјалниот веб-сајт Pigeon Paradise (Pipa.be).

“Сепак, никој не очекуваше дека гулабче ќе биде продадено за цена над еден милион евра “, додаде тој. Конечниот износ беше 1.252.000 евра.

Pigeon Paradise не кажа кој го купил гулабот, но според белгиската новинска агенција Белга, тоа е кинески купувач кој без сомнение ќе ја искористи својата нова аквизиција за растење на други шампиони.

Армандо беше само еден од повеќе од сто птици што ги продаде почитуваниот белгиски одгледувач Џоел Вершот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This