April 24, 2024, 11:59 am

ГУШТЕРОВ ГО САРДИСА АНЃУШЕВ: Стрaнските компании нема да прифатат условување какво што планира СДС и ќе си отидат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една голема мултинационална компанија како Џонсон Контрол или Лиар, не може поради еден таков услов да го стави под знак прашање своето производство поради некој мал добавувач од Македонија, пишува Телеграф.

 

Бизнисменот Ристо Гуштеров во емисијата Топ тема“ изнесе куп критики за економската политика на владата, посебно на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Според Гуштеров, лоша идеја е намерата на владата 20 проценти од продуктот кој ќе се ствара во слободните зони  да биде од македонско потекло.

-Субвенциите и натаму мора да постојат. Во кој обем и колку транспарентно тоа треба да го одлучи новиот тим.Тоа што вицепремиерот Анѓушев го промовира дека ќе биде поставен услов на новите компании кои треба да дојдат, дали тоа се големи компании или помали компании од регионален карактер дека минимум 20 проценти од продуктот кои се ствара во слободните зони треба да биде од македонско потекло. Сега во овој случај ќе оди малку потешко или никако поради тоа што капацитативната можност на македонската економија не може да го даде тој капацитет што го бара вицепремиерот Анѓушев. Една голема мултинационална компанија како Џонсон Контрол или Лиар, не може поради еден таков услов да го стави под знак прашање своето производство поради тоа што некој мал добавувач од Македонија ќе рече „знаете што јас не можам да испорачам овој месец“  Мерцедес и Фолцваген нема да се стават во такви услови и да прифатат такво нешто-објаснува бизнисменот во емисијата.

 

Со свој коментар за вчерашната емисија излезе и поранешниот потпретседател на СДСМ Зоран Јовановски. Според него новинарот Чомовски неподготвен влегол во емисијата и дебатирал на економски теми.

-Да читаше Чомовски „Економија и Бизнис“ ќе беше многу подобро подготвен за водење дебата за странските инвестиции во Македонија.Уште во мајскиот број имаше прилог со квалитетни текстови напишани од Саша Грујевски, промотор во САД, Бранимир Јовановиќ и професорот Марјан Петрески.Текстовите понудија различни но аргументирани гледишта.Очигледно е дека во Телма недоволно подготвен човек ги води економските дебати-напиша Јовановски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This