Г-20 Е НАЈРЕЛЕВАНТЕН ФОРМАТ ЗА РЕАЛНИ ПРОМЕНИ: Путин смета дека самитот на Г7 и Г8 не е релевантен како Г20

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Формат на Групата 20 најразвиени индустриски земји (Г-20) е повеќе релевантен за Русија, затоа што тука се лидерите на најголемата економија во светот, иако Руската Федерација со задоволство би имала дијалог со претставници на Г-7, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што објасни тој, рускиот претседател Владимир Путин рече нешто многу прецизно за тоа што мисли за Г8. “Русија не беше иницијатор на расчленувањето, иако Путин секогаш ќе биде задоволен да се состане со лидерите на Г8 и ќе продолжи дијалогот со нив”, рече Песков.

Иницијативата за враќање на Русија во Г8 за првпат беше кажана во јавноста од страна на американскиот претседател Доналд Трамп пред неодамна одржаниот самит на Г7 во Канада.

Инаку, самити на Г-8 се одржува од 1998 година, но по настаните во Крим во 2014 година членките на групата одлучија дека наместо на состанок во Сочи да одржат состанок во Брисел без учество на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This