ГOЛЕМИHАТA Е НEЗАМИCЛИВA: Измeрeна нaјголематa цpнa дyпкa во блиската вceлeна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Астрономите во Институтот Макс Планк за вонземска физика (МПЕ) во Германија објавија дека ја измериле масата на најголемата цpнa дyпкa во блискиот универзум.

Оваа супермасивна цpнa дyпкa се наоѓа во галаксијата Холмберг 15А, која од нас е оддалечена околу 700 милиони светлосни години.

За разлика од централната цpнa дyпкa на нашата галаксија, која има околу 4 милиони соларни маси, оваа рекордна централна цpнa дyпкa во Холмберг 15А е 40 милијарди пати помасовна од нашето Сонце, пишува EarthSky.

Иако галаксијата „Холмберг 15А“ има огромна видлива маса од околу 2 трилиони соларни маси во sвездите, нејзиниот центар е крајно дифузен и слабо видлив. Затоа, група на астрономи од МПЕ и Универзитетската опсерваторија Минхен се особено заинтересирани за оваа област.

„Овој централен регион на дифузија е скоро со иста големина како и Големиот магелански облак Галакси, така што се сомневавме дека тука има многу голема маса на цpни дyпки“, напишаа астрономите во соопштението.

Научниците ја измерија светлината што доаѓа од регионот преку опсерваторијата Венделштајн, лоцирана во баварските Алпи. Тие ги комбинираа добиените резултати со телескопот во Чиле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This