Гoлeмa пoлициcкa akциja вo Скопје: Уaпceни нaд 10 лицa, akциjaтa e ce yштe вo тeк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во голема полициска акција која се уште е во тек уапсени се над 10 лица за фалсификување на патни исправи и лични документи, дознава ТВ21.

Според наши информации, станува збор за полициски службеници кои биле вработени во управите за издавање на лични документи и патни исправи.

Акцијата на МВР е се уште во тек. Уапсени се десетина полициски службеници, под сомнение дека фалсификувале патни исправи и лични документи, дознава “А1он”.

Според извори во истрагата, таа се водела веќе една година, при што се собрани докази со кои се докажува дека полициските службеници сториле кривични дела.

Акцијата е спроведена во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол. Од МВР потврдуваат дека е во тек голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This