Гoлeмa тpaгeдиja вo Нигерија: Bo ekcплoзиja нa циcтepнa зa гopивo, нaд 30 лицa зaгинaa, a 17 ce пoвpeдeни..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 30 лица загинаа, а 17 се повредени при експлозија на камион-цистерна за гориво, кој превезувал бензин во нигерискиот град Агбор.

Според очевидец, експлозијата била предизвикана од истекување во цревото за дозирање. Се уште не е позната точната причина за инцидентот.

По експлозијата избувнал пожар, при што се оштетени повеќе од 30 куќи во близина на бензиската станица. Исто така, целосно е уништена и плантажа со палми.

Настраданите се здобиле со сериозни изгореници и биле пренесени в болница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This