Гoлeмa тpaгeдиja гo пoтpece тетовскиот регион: 80-гoдишнa жeнa зaгинa вo пoжap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена на возраст од 80 години го загуби животот во пожар во куќа што се случи во тетовското Жилче. Пожарот се случил околу 7 часот утринава.

– Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавен е пожар кон настанал во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој престојувала и била пронајдена почината 80-годишната Р.Ѓ. од ова село. Пожарот го пријавил нејзиниот 44-годишен син, по што е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Командантот на тетовската пожарна Ука Алити информира дека во гаснење на пожарот учествувале три возила со седум пожарникари.

-По пристигнувањето и почнување со гаснење на пожарот ни беше кажано дека внатре има една жена. Ние влеговме во објектот и ја најдовме жената која за жал веќе беше почината. Забележавме оган во собата каде престојувала и на покривната конструкција. Пожарот е локализиран за дваесетина минути, изјави Алити. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од СВР Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This