April 18, 2024, 11:42 pm

Гoлeмo иcтpaжyвaњe: Дaли кpиптoвaлyтитe зa 5 дo 10 гoдини ќe ги зaмeнaт пapитe? – aнкeтиpaни 1.280 виcoки финaнcиcки мeнaџepи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големото истражување спроведено од консултантската компанија Делоит врз 1.280 вработени (главно на високи менаџерски позиции) од финансискиот сектор покажа дека огромното мнозинство од нив веруваат дека иднината на финансиите е поврзана со блокчејн и криптовалути.

Аналитичарите посочуваат дека пандемијата на коронавирус ја охрабри транзицијата кон „се што е дигитално“, со што се забрза дигитализацијата на финансискиот сектор. Постојните структури се соочија со предизвици поставени од новите деловни модели и дигитални средства.

Следствено, овогодишното истражување на блокчејн покажа како луѓето на лидерски позиции во финансиската индустрија гледаат на дигиталната криптовалута и блокчејн технологија како еден од стратешките приоритети, и во иднина и сега.

Така, 78 отсто од испитаниците одговориле дека криптовалутите и дигиталните средства ќе бидат до некаде или многу важен дел од оваа индустрија во следните 24 месеци. Покрај тоа, 76 проценти од испитаниците веруваат дека дигиталните средства ќе послужат како моќна алтернатива или директна замена за фиат (фидуцијарни) пари во следните 5 до 10 години.

На прашањето за главната улога на дигиталните средства за нивната организација, повеќето испитаници рекоа дека нивните институции ќе нудат услуги за старателство за такви средства, потоа како криптовалутите ќе се користат за плаќања, диверзификација на инвестициските портфолија, децентрализација на финансиските платформи и „токенизација“ на средства.

Загриженоста за сајбер безбедноста, многу строги регулаторни бариери, постоечката финансиска инфраструктура, како и грижите за приватноста на корисниците се најчестите пречки за широко прифаќање на дигиталните средства во оваа индустрија.

Испитаниците во оваа студија прифаќаат дека нивната индустрија мора да се прилагоди на „сеизмичките промени“ предизвикани од блокчејн, пред се за да може да одговори на барањата на сегашните и идните корисници. Оние што го прават тоа ќе бидат меѓу првите што ќе имаат значителна конкурентска предност во однос на другите.

Традиционално слабата банкарска индустрија полека почнува да се соочува со предизвиците на модерните технологии, но нејзиниот брз развој ќе бара дополнителна флексибилност со цел институциите да се прилагодат на новите трендови. Наскоро, заклучува Делоит, нема да имаат друг избор освен да ја прифатат промената, бидејќи учеството во дигиталната финансиска ера е неизбежно, пренесува Bankar.me.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This