April 26, 2024, 10:01 am

Гocпод знае колку е катacтpoфална ситуацијата во буџетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку е катастрофална економската и финансиската состојба во земјата најдобро покажува драматичната промена во однесувањето на СДСМ од пред нешто повеќе од една година во поглед на цената на струјата. Лани летото СДСМ самоуверено тврдеше дека цената на струјата во никој случај нема да биде зголемена, анализира Експрес.

Тогаш јавно преку соопштение партијата на Заев му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и му порача дека “нема да го гледа филмот поскапа струја”.

Само една година подоцна СДСМ донесе одлука за најголемо зголемување на цената на струјата во Македонија.

“Тој филм Мицкоски нема да го гледа. Цената на електричната енергија нема да се зголеми, граѓаните нема да добиваат повисоки сметки за електрична енергија.

СДСМ останува посветена на политиките што обезбедуваат пониски трошоци за живот и повеќе пари во семејните буџети”, пишува во соопштението на СДСМ од 4 јули 2019 година кое се уште стои на нивниот веб сајт.

-Зошто СДСМ за само една година му овозможи на Мицкоски да го гледа филмот што лани му го забранува може само да се претпостави, но ако вакви огромни ценовни потреси има во еден од најстабилните сектори во економијата може само да се замисли каква ценовна катастрофа не очекува од септември во другите гранки каде ситуацијата е уште пострашна. Поскапувањето на цената на струјата за 7,4 % освен повисоки сметки за електрична енергија за граѓаните ќе донесе и верижна ценовна реакција на многу други производи и услуги што во услови на пандемија може да значи социјална катастрофа за граѓаните, пишува Експрес.

Што објави СДСМ лани во јули:

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This