Гocпод нека ни е на пoмoш: Излегувaaт од изолациja се уште пoзитивни на кopoна, мораат да се појават на работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маката ја натера скопјанка да ја контактира редакцијата на Инфомакс и да ги искаже своите забелешки за новиот алгоритам на министерството за здравство кога станува збор за коронавирусот.

Имено според новиот алгоритам, асимтоматските случаи на коронавирус се прептоставува дека заразата не може да ја шират по 10 дневниот карантин, а од нив веќе 11-тиот ден се очекува да се појават на работното место.  Скопјанката имала личен случај на близок заразен од новиот коронавирус, кој за среќа немал никакви симптоми, но совеста го натерала да се тестира пред да тргне на работа, по крајот на 10 дневното боледување. За жал неговиот тест бил се уште позитивен и токму во оваа насока таа бара докази од властите за тоа дека асимтоматските случаи не ја пренесуваат заразата.

-Со новиот алгоритам на Венко Филипче, асимтоматичните случаи на Ковид 19 по 10-тиот ден не се сметаат за заразни, а веќе 11-тиот ден мора да се појават на работа. Имаме многу случаи луѓе кои на своја иницијатива прават тестови за коронавирусот по 10-тиот ден и нивниот тест е повторно позитивен, вели таа.

Нејзините забелешки се во насока на тоа дека дел од асимтоматските случаи  се позитивни и по 10-тиот ден, тие се тестираат на приватно и се уште со себе ја носат заразата. Според неа ваквата состојба го става здравјето на граѓаните во сериозна опасност.

-Што се случува ако тој човек оди со денови на работа со автобус додека е се уште позитивен, влегува во лифт. Многу од асимтоматските случаи не знаат дека се уште се позитивни на коронавирусот, бидејќи не можат да си дозволат да платат 4 илјади денари на приватно да се тестираат, додава таа,

Таа е загрижена особено за оние кои работат во угостителството кои имаат директен контакт и со луѓе и со храна и прашува дали можеби кафеаните по ваквата непромислена одлука на властите ќе бидат новите кластери на коронавирус.

-Што се случува со вработените во угостителство кои земаат помали плати и не можат да си дозволат повторно да се тестираат, работат со стотици луѓе дневно. Доаѓа тој во ресторанот Ви носи храна и ти си заразен од корона бидејќи келнерот бил заразен. Соогласно законот ако не се појавиш 3 дена на работа те бркаат, а ако си асимтоматски случај на коронавирус во изолација ќе седиш само 10 дена. Многу луѓе се вратија на работа, а се се уште заразени од корона, посочи загрижената граѓанка.

Покрај забелешките за асимтоматските случаи таа е загрижена и за симтопматските пациенти чие боледување завршува по 21 ден иако дел од нив се уште се позитивни на вирусот.

-На тие што се со симптоми им велат после 21 ден им велат да се вратат на работа. На симптоматските 20 дена, но иако се уште се позитивни на нив им е наложено да одат на работа.

Таа јавно упати барање до МАНУ да го објави истражувањето, односно студијата според која наводно асимтоматските случаи не пренесуваат корона по 10-тиот ден.

-Сакам да ја покаже некој студијата на МАНУ дека асимтоматските случаи не пренесуваат корона после 10-тиот ден.

Во разговор со Инфомакс ни посочи дека познава човек асимтоматски пациент кој што направил  тест на своја рака, на 16 ден откако бил дијагностициран, тој бил се уште позитивен, а епидемиологот го искарал посочувајќи му дека не го земаат во предвид тој тест на своја рака што го правиш.

-Шyо прави Владата, не сака да не затвори бидејќи знае дека ќе се случи истото како во Србија. Сакаат да биде голема бројката за да мораат да не затворат или нека  отворат се и да ни кажат господ нека ни е на помош, запраша таа за крај.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This