March 29, 2024, 11:13 pm

Гpчки вecник откpивa: Бyгapcки авиoни ќе го чувaaт мaкeдонcкото нeбo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека Македонија и Бугарија преговараат за вклучување и на источниот сосед во чувањето на македонското небо како дел од напорите за надминување на несогласувањата што доведоа до бугарско вето за старт на преговорите со Европската унија.

„Скопје и Софија, наводно, разговараат за програмата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија, како дел од обидот да се најде заеднички јазик што ќе го реши конфликтот меѓу двете соседни земји, кој ја натера Бугарија да стави пречки за пристапување на Северна Македонија кон Европската унија.

Овие дискусии може да доведат до тоа Бугарија да ги здружи силите со своите сојузници во НАТО, Грција и Италија, кои, на барање на Скопје и во рамките на НАТО, се одговорни за надзорот на воздушниот простор на Северна Македонија.

Грција и Италија во моментов го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија на секои две недели. Воздухопловните сили на Грција исто така имаат обуки со вооружените сили на Северна Македонија, што подразбира грчки авиони Ф-16 уште почесто да летаат над Северна Македонија“, пишува „Катимерини“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This